70 проценти од граѓаните ги одложиле кредитите за 6 месеци

Одлучиле да ги одложат ратите за кредитите за половина година, и по цена да плаќаат дополнителни камати.

70 проценти од граѓаните ги одложиле ратите, а само 30 одлучиле да ги одбијат понудите на банките и редовно да плаќаат и покрај вонредната состојба – соопшти Македонскaта банкарска асоцијација.

За експертите огромното одложување, не е панична реакција на граѓаните поради кризата, туку реални потешкотии во финасиската кондиција на населението предизвикана од вирусот Ковид 19 .

Не е панична реакција туку на граѓаните и фирмите им се намалени приходите и така што тие не можат да ги сервисираат долговите.

Меѓутоа оваа бројка од 70 проценти не е нешто ново. Според некои истражувања и во нормални услови во Северна Македонија некаде 40 проценти од населенито според некои истражувања имаат проблеми со исплата со станбени и потрошувачки кредити.

Тука и оваа ситуација на неекономска активности и зголемување на сиромаштијата. Ние знаеме дека има невработени кои што имаат кредити, а сиромаштијата кај нив е 50 проценти, другите неактивни лица исто така некаде 30 проценти имаат сиромаштија.

А според некои анализи и тие шо работатсо полно работно време имаат значи сиромаштија до 8 проценти.- изјави Зекири.

Зекири вели дека очекувал поголема солидарнст од банките, а не да пресметуваат и редовни камати за време на одложувањето.

Јас очекував од банките да покажат поголема солидарност и да ги бришат каматите барем три месеци, а не да предложат мораториум на каматата каде после септември ќе се соберат многу и главницата и камата и луѓето и фирмите имаат потешкотии за сервисирање на долговите.

Мислам дека банките требаше да покажат солидарност имајќи во предвид дека банките лани имаат 150 милиони евра добивка.- изјави Зекири.

Бројките на банкарската асоцијација се поклопуваат со анкетата на Институтот „Finance Think“ која покажала дека 78 проценти од работниците во земјава се погодени од корона кризата.

78.3 проценти од вработените се погодени од корона кризата и тоа најчесто преку намалување на платата, а многу помалку преку отпуштања, при што 25,6 проценти од испитаниците искажале дека имаат веќе намалена плата, а дополнителни 24,1 процент искажале дека имаат веќе соопштение дека веројатно ќе следува намалување на платата или отпуштања во следните периоди- вели Петрески.

Анкетата покажала дека кризата удрила и врз невработените и тие кои имале привремени приходи- невработнеите изгубиле надеж дека ќе најдат работа, а на другите им прекинале приходите.

Државните институции пак до сега не излегоа со бројки колку лица ја изгубиле работата поради корона кризата, а колу работници ќе добијат пониски плати.

- Реклама -