Повторно отворено, со овој натпис на излозите продавниците во Берлин повторно ги отворија вратите

Повторно отворено, со овој натпис на излозите продавниците денеска во Берлин повторно ги отворија вратите за потрошувачите после строгите мерки поради ширењето на пандемијата од Ковид – 19. Првите купувачи колебливо влегоа внатре, но велат дека сепак им е мило што животот полека се враќа во градот. Од понеделникот во Берлин е задолжително носењето на маски за лице во јавниот превоз но, не и во продавниците. Германија во еден ден бележи повеќе од 2.240 позитивни и со тоа вкупната бројка во оваа земја достигна повеќе од 145 илјади, од кои 1.300 се во Берлин.

-Ова е повторно живот сега. Одсекогаш сум ги мразела туристите, извинете. Живеам зад аголот 35 години, но сега би сакала да се вратат. На градот, посебно на центраот, му треба живот. Мислам дека луѓето помалку се исплашени, тие не носат маски за лице, јас ја носам зашто влегувам овде и од понеделникот ми е обврска да ја носам. Ок, мислам дека е убаво, (продавниците) се дел од животот во градот, вели Петра Хофман, жителка на Берлин.

Надлежните во Франција во консултирале со наставниците планираат училиштата да се отворат повторно кон средината на мај. Ако се оди според планираното, први во училишните клупи ќе се вратат децата од 5 до 7 годишна возраст, како и оние во последната година од основното училиште. Процесот на враќање ќе биде во повеќе фази и ќе трае три недели. Во Шпанија, земјата која брои повеќе од шест илјади смртни случаи, властите размислуваат за уште едно продолжување на вонредната состојба, а олеснување на мерките најавуваат за втората половина на мај.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција го достигнала врвот на инфекцијата со коронавирусот. Тој пред претставници на неговата партија, најави дека Турција може да се врати „во нормален живот“ во јуни, по празникот што го означува крајот на светиот муслимански месец рамазан. Турција за 24 часа потврди 4.674 нови случаи од Ковид – 19, со што вкупниот број изнесува 90.980 позитивни.

-Планираме да воведеме полициски час кој ќе го намали влијанието врз секојдневниот живот во 31 провинција меѓу 23, 25, 26 април. Целта е намалување на ширењето на епидемијата на начин кој ќе овозможи враѓање во нормала после рамазанските празници. Можеме да започнеме со некои чекори пред Рамазан. Сметаме дека би било корисно сите сектори да се подготват во согласност со тоа, рече Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Кина соочена со голем предизвик при преминување во нова фаза за олеснување на ограничувањата. Лекарите во Вухан, каде вирусот на Ковид-19 се појави во декември минатата година, изразија загриженост поради поголемиот број на пациенти кои се оздравеле и немаат никакви симптоми, но нивните тестови се сепак позитивни. Лекарите тврдат дека тестовите на многу пациенти остануваат позитивни од 50 до 60, дури и до 70 дена.

- Реклама -