Пет генератори, 25 шатори, 200 душеци и 1.000 ќебиња помош ќе добие Македонија од ЕУ

Во моменти кога Македонија го очекува пикот на Ковид-19, евроамбасадорот Самуел Жбогар најави помош за земјата преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

На својот Твитер профил, Жбогар напиша:

„Севеерна Македонија ќе добие помош преку ЕУ Механизмот за цивилна заштита, вклучително и 5 генератори, 25 семејни шатори, 200 душеци, 1.000 ќебиња. Австрија исто така испраќа ракавици и дезинфектанти, меѓу другото. #ТимЕвропа #ЕУсоТебе“, напиша Жбогар.

- Реклама -