Министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот кога пикот на најмногу заразени пациенти со коронавирусот е поминат. Останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.
Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека бројот на тестираните пациенти е намален, но тоа било очекувано поради празниците, токму заради тоа има и помалку позитивни.
Министерот Филипче појасни и дека верува отие овие рестриктивни мерки сега даваат, а ќе даваат резултати и во иднина. Додаде и дека со новите рестриктивни мерки на движењето, целта е да се ограничат физичките контакти како на бројот на лица така и на бројот на денови со кои што еден потенцијално заболен контактира во еден одреден период.
-Дополнително со овие нови мерки кои што ги предлагаме заради тоа што при анализа на тоа колку пациенти можат да бидат преносители на на болеста на колку луѓе во нивната околина, се земаат во предвид неколку фактори. Прво, бројот на контакти кои што ги имаат во текот на денот и колку денови со тие контакти имаат во континуитет континуиран контакт. За да еден пациент пренесе болест на еден заболен, треба да биде со еден во контакт и тоа како се зголемува бројот на денови, се зголемува и ризикот да тој контакт биде заболен, додаде министерот Филипче.