Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи во земјава.
– Скопје 8
– Куманово 9
– Прилеп 5
– Тетово 3
– Велес 3
– Охрид 8
– Кочани 1
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања.
Инаку како што вчера соопштија техничкиот премиер Оливер Спасовски и нинистерот за здравство Венко Филипе се планира олеснување на рестриктивните мерки по први мај.
Спасовски кажа дека се прави сериозен план во насока на тоа на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на дел од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.
Премиерот оцени дека мерките за физичко дистанцирање даваат резултати, а тука ги посочи одлуките за неработење на училиштата, градинките, дел од компаниите, угостителството и туризмот. Спасовски рече дека ова не е време за профит, туку сите треба да бидеме насочени кон успешно справување со состојбата.
На ублажувањето на рестриктивните мерки на онлајн-видео сесијата се осврна и министерот за здравство, Венко Филипче. Тој оцени дека владините мерки биле донесени навремено, па затоа очекува бројот на новозаболени да почне да се намалува на почетокот на мај. Тогаш, како што кажа Филипче, се очекува и ублажување на рестриктивните мерки.