„Работам 24ки сама. Ако треба продолжувам плус смена. Се менуваме 3 колешки. Полиција ме носи, полиција ме враќа“, раскажува македонска докторка на Твитер, задолжена да се грижи за луѓето во државен карантин (како што самата открива во коментарите).
„100 луѓе на еден лекар, сите збеснати за дома, сите по доктор викаат оти нема по кој друг. Прегледувам и со полиција до мене оти знаат да се агресивни.
Доктор е крив ако топломер покажи над 37C. Целосна опрема при секој контакт, не знаеш дали некој е позитивен. Живеам 2 недели на работа-дома, 2 пати бев само до продавница да кренам сѐ што можам, за да не се мешам дополнително во народ.
Најголем стрес ми е дома. Да имав избор немаше ни да се враќам, ќе живеев периодов на работа. Пред врата цел pитуал на cлeкyвање имам. Живеам во спалната оти е прва врата од влез. Тука јадам, спијам, сѐ. Мајка ми нема пристап. Со маска сум константно.
Јас се имам помирено дека тоа ми е работа и имам огромни шанси да го фатам чудово. Колку и да се пазам. Нема да си простам само ако пренесам дома. Мајка ми е со хронична белодробна на пумпици и преживеан карцином на дojка 3б стадиум. Во ист стан се немаме ни видено што се вика.
И нема зуцнато бе. Ич се нема пожалено. Од прв ден кога почнав, муабетот е „тоа е мајкино, ќе помини, мора да одите“. А не ѝ е сеедно. Јас се тресам за неа, таа се треси за мене.
И кај сите колеги ист е муабетот: „не ми е за мене, за моите дома се плашам, само дома да не однесам”.
И не, не можам да сфатам колку ви е тешко дома. Не можам да сфатам дека не можите 3 дена да ги прележите по дома со интернет, со серии, со телефони и дека не е хуман полицискиот час. И дека ви расипале празници и шеткарање за Велигден“…
Доктор е крив ако топломер покажи над 37C. Целосна опрема при секој контакт, не знаеш дали некој е позитивен. Живеам 2 недели на работа-дома, 2 пати бев само до продавница да кренам се што можам, за да не се мешам дополнително во народ.
— Опиум (@Dokturkata) April 15, 2020