ОБНОВЕНО: На социјалната мрежа Tik Tok неодамна е објавено видео кое предизвика низа реакции кај граѓаните. На видеото може да се слушнат група млади како коментираат и се смеат додека „мангуп“ со својот автомобил прави дрифтови околу споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“. На друштвените мрежи се шпeкулира дека истото е снимено во текот на полицискиот час, а граѓаните бараат „актерите“ да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
Меѓутоа, како што ни укажаа нашите читатели под објавата, се покажа дека видеото сепак е старо неколку години. Порталот „Либертас“, на пример, го објавил во декември 2016-та година. Во текстот се наведува дека поводот за дрифтањето можеби била прослава за предноста на ВМРО-ДПМНЕ откако ДИК ги соопшти првичните резултати од тогашните избopи.
Њтф pic.twitter.com/LOFrnlo9oR
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) April 17, 2020