Во денешното гостување на ТВ 24, поранешниот премиер Љупчо Георгиевски рече дека тоа што Македонија е мала земја е предност во борбата со корона вирусот.
Слушаме во Милано, Њујорк преполни болници, ние тоа го немаме, рече Георгиевски.
-Ако пред кризата сите млади чекаа да избегаат во Лондон, во Париз… Сега треба да бидеме среќни што живееме во Македонија, живееме во мали градови и можеме да ја воспоставиме контролата. Вие денеска во Лондон слушате празни продавници, ние немаме таков проблем. Слушаме во Милано, Њујорк преполни болници, ние тоа го немаме. Големината на нашата земја сега треба да ја претвориме во наша предност. Зошто да не си поставиме цел да бидеме првата држава која ќе биде слободна од корона вирусот? Мислам дека тоа можеме да го направиме со мали напори. Кога зборуваме за десетдневно затворање на Македонија, рече Георгиевски.
Бараме целосно затворање на цела Македонија – десет дена, рече Георгиевски, тоа е нужно за да се направи пресекување на вирусната криза. Тоа ќе биде вовед во понатаму, ослободување од мерките.
-Ова што сега се прави со затворање од 16 часот е контрапродуктивно, се создава огромен метеж пред банки, во маркети во утринските часови пред полицискиот час и создаваме непотребно ширење на вирусот, наместо да го блокираме комплетно. Оваа работа нема да заврши за два месеци, тоа станува се појасно и затоа мораме да одиме на една ваква мерка сега, а потоа да ослободуваме- вели Георгиевски.