Во Русија рекорден пораст на заразени

Потврдениот број на заразени лица во Русија скокна за повеќе од 2.500 случаи во понеделникот, што претставува зголемување за 16 проценти од претходниот ден, и сега во земјата има повеќе од 18.300 заразени со коронавирус.

Скоро две третини од овие случаи, околу 11.500 заразени, живеат во Москва, главниот и најголем град во Русија, кој оваа недела ги заостри мерките карантин со задолжителни пропусници за патување низ градот.

Дополнителни 140.000 луѓе низ целата земја се под лекарски надзор, според податоците во понеделникот наутро, под сомнение дека можеби биле заразени со новиот коронавирус, соопшти сојузната служба за надзор.

Русија пријави скоро 150 смртни случаи од коронавирусот, што е релативно ниска бројка во екот на пандемијата во земјата, кога властите воведоа ограничувања за да се запре ширењето на вирусот.

Повеќето региони ширум Русија го следат водството на Москва за воведување мерки карантин, при што жителите се советувани да ги напуштат своите домови само кога е апсолутно неопходно.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека нема „друг избор освен самоизолација“ за да се спречи ширењето на болеста.

Претседателот работи во изолација, како што изјави неговиот портпарол на почетокот на овој месец, откако лекарот со кој неодамна се ракуваше е позитивен за вирусот.

Мкд.мк

- Реклама -