За половина денар поскапуваат бензините, додека цената на дизелот останува непроменета. Од ноќеска на полноќ граѓаните ќе точат малку поскап бензин, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еве ги новите цени:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 48,5 денари за литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 50,5денари за литар
Цената на дизелот останува иста или 45 денари за литар
Масло за горење Екстра лесно е 33 денари за литар)
Мазутот чини 20,106 денари за килограм.
Од РКЕ велат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат зголемување и тоа кај бензинот во просек за околу 4,437%, кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 1,366%, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,327% и кај мазутот се регистрира зголемување во просек за околу 19,178 %.