Финансиска поддршка од 14 500 денари бруто износ по вработен за април и мај во компаниите погодени од кризата, а не гарантирана минимална плата од државата. Управителите на компаниите ќе одлучат дали на тие средства би им го доплатиле износот за нивните вработени да ја земат целата плата или само околу 10 0000 денари кога од помошта ќе се одземат придонесите. Министерката Ангеловска објаснувајќи ја мерката рече дека ќе можат да аплицираат фирмите кои имаат пад на добивката од 30 проценти во април и мај, не исплаќале дивиденди и бонуси, ќе ги задржат работниците до Јули, а не до септември како што претхопдно беше предвидено и десет проценти од вработените немаат плати над 120 000 денари. Ќе можат да аплизираат и управителите. Оние компании кои ќе остварат добивка во 2020 година ќе треба да ги вратат парите.Според министерката за финансии Нина Ангеловска за оваа мерка ќе се издвојат 100 до 120 милиони евра,а ќе бидат опфатени од 200 до 250 000 работници.. Половина од парите е можно да бидат обезбедени од Светска Банка.
“Компаниите кои што се целосно затворени им аат нула приход.Еве такви се угостителите. Кога ги земав за пример за појаснување тие ако пуштиле дел од работниците со 50 проценти плата кај нив нето платата изнесува од 18 до 20 000 денари. Ако тие исплаќаат на сите или на дел од работниците 9 000 или 10 0000 денарти нето плата, со оваа мерка тие ќе м ожат да ја п оикријат целата бруто плата”, рече Ангеловска.
Таа останува на ставот дека зголемувањето на акцизата за нафтата е веројатна опција.. Смета дека нема да се удри по џебот на граѓаните бидејќи претходно малопродажната цена паднала за 20 денари. Приходите од акцизата се значаен дел во буџетот, вели Ангеловска..
“Јас би рекла дека не би било реално да кажеме дека ова би влијаело на било какво зголемување на цените затоа што ако е така зошто падот од 20 денари не влијаеше на намалување на цените”, изјави Ангеловска.
Економијата дефинитивно оди во рецесија. Проценките на ММФ се за 4 проиценти пад на БДП. Финансии се уште прави проценки кои исто така би требало да бидат приближни на оние на межународниот монетарен фонд.. Неизвесно е колкава ќе биде буџетската дупка која ќе се пополнува и со пари од ММФ и Светска банка. Не се знае ниту дали еврообврзницата ќе биде 800 милиони евра. Не е реално спортед министерката веднаш после кризата се да се веднаш да се врати во нормала.