Македонци со уникатно решение за справување со КОВИД-19 на виртуелен хакатон во Шведска

Тимот на Алит Интернешнал учествуваше на хакатонот Hack the Crisis, кој се одржа во Шведска од 3 до 6 април.

На овој виртуелен хакатон, повеќе од 7400 учесници работеа на изнаоѓање иновативни решенија за справување со моменталната здравствена криза предизвикана од вирусот корона. Меѓу пријавените, имаше учесници од јавниот сектор, приватниот сектор, образовниот сектор, невладини организации итн.

Во рок од 48 часа, учесниците работеа напорно на изготвување технолошки решенија кои можат за кратко време да се имплементираат. Покрај поддршка за брза имплементација, победничките решенија ќе добијат и парични награди.

Care Insight: Решението кое помага на најпогодените групи

Земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со Ковид-19 и како таа се одразува на повозрасните лица, а воедно и на здравствените работници, Алит реши да пристапи кон решение кое ќе им излезе в пресрет на овие две затекнати групи.

Решението наречено Care Insight, има за цел да прикаже како технологијата навистина може да направи огромна разлика во овие тешки времиња.

ВИДЕО

Со оглед на тоа што здравствените работници се првата борбена линија во моменталната битка која го зафати цел свет, нашето решение е придвидено за старечки домови, но и разни други видови на здравствени установи.

Како функцинира Care Insight

Платформата Care Insight има за крајна цел да го намали физичкиот контакт меѓу повозрасните пациенти и здравствените работници преку воспоставување видео повици. На овој начин се намалува ризикот да се инфицираат поголем број на пациенти, додека во исто време се намалува и ризикот од изложување на здравствените работници.

Покрај ова, дополнителна придобивка е заштедување на опремата за лична заштита (PPE), што во моментов е навистина голем проблем во речиси секоја држава. Од холистички аспект пак, ваквиот начин на комуницирање ќе им помогне и на двете групи да соработуваат посмирено и да го доживеат овој тежок период како попријатен и помалку осамен.

Care Insight функционира со патентиран алгоритам благорадение на кој здравствените работници ќе можат да го оптимизираат своето работење и да опслужат поголем број на пациенти.

Платформата е основана и работи на облак што значи дека е скалабилна односно може да покрие повеќе здравствени установи во исто време без да се оптовари.

Нашето решение може да се имплементира за само 4 недели и лесно може да се прилагоди на веке постоечките системи за внесување на пациенти, како и на системите за препознавање и идентификација на здравствените работници.

Хакатонот Hack the Crisis беше голема инспирација да учествуваме во битката против вирусот КОВИД-19 на најдобриот начин на кој знаеме како ИТ компанија – со иновативно и дигитално решение. Да ги здружиме силите и да придонесеме за посветла иднина.

- Реклама -