Филипче: Следната недела почнуваме со подготовки за враќање на животот во нормала

Министерот Венко Филипче денеска уште еднаш најави дека веќе од следната седмица Владата ќе почне со подотовки за враќање на граѓаните и стопанството во вообичаениот животен тек, откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки.

-Многу е битно што имаме линеарен пораст на бројот на пациенти. Се надеваме дека ќе успееме да го амортизираме ударот во смисла на бројка на пациенти што се примаат во болниците. Ние постојано ја следиме состојбата и во согласниост со тоа ги носиме одлуките.

Веќе од почетокот на следната недела ќе почнеме да се подготвуваме за денот кога нашите животи постепено ќе почнат да се враќаат во нормала, кога ќе продолжи работниот процес во секоја компанија, ресторан, продавница, рече Филипче.

Министерството за здравство инаку денеска информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на болеста. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи се регистрирани во: Скопје – 284, Куманово – 168, Дебар – 49, Штип-21, Прилеп –50, Тетово – 31, Струга – 33, Велес – 18, Битола –8, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –6, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 19 и Пробиштип – 1.

Од 496 тестирање, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања.

- Реклама -