Најголем раст на забoлени и починaти во Германија во пет дена, 333 cмpтни случаи во последните 24 часа

Германија бележи најголем пораст на нови случаи на коронавирус во период од 5 дена, иако поминаа речиси три недели откако владата воведе рестрикции на јавниот живот во обид да го намали ширењето на вирусот.

Бројот на новозаpaзени во последните 24 часа порасна за 5.633, за разлика од ден претходно, кога беше забележан пораст од 4.288 новодијагностицирани.

Во последните 24 часа Германија забележа и 333 нови cмpтни случаи, што е досега највисок биланс на пoчинaти во еден ден. Претходниот ден беа регистрирани 206 пoчинaти.

Со ова, вкупниот број на пoчинaти се искачи на 2.349.

Меѓутоа, се зголемува и бројот на излечени. Досега се излечени 46.300 луѓе. Ден порано таа бројка изнесуваше 36.081.

Германија има трет највисок број на случаи во Европа, но релативно мала стапка на cмpтност – 2.07%.

Како и другите влади низ светот, германската размислува постепено да почне да ги релаксира рестрикциите на јавниот живот. Првите чекори во таа насока можат да бидат направени по Велигден, најави германскиот министер за здравство Јенс Спан.

Прочитајте и:  Германската полиција се подготвува за немири на 7 октомври

„Гледаме позитивен тренд, но мора да биде константен. Затоа е важно да останеме конзистенти преку Велигден“, рече тој во интервју за германски весник во средата.

„Ги имавме првите позитивни вести, но сѐ уште е прерано да бидеме премногу самоуверени и невнимателни. Деновите околу Велигден ќе бидат решавачки и само тогаш ќе знаеме дали можеме да почнеме со намалување на рестрикциите“, изјави денеска министерот за економија Петер Алтмајер, кој исто така потенцираше дека релаксирањето на мерките мора и ќе се одвива постепено, бидејќи во спротивно се ризикува ширењето на вирусот да се интензивира и повторно да треба да се воведуваат рестрикции.

 

- Реклама -