Синот на Вучиќ заразен од коронавирус

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека неговиот син Данило има коронавирус и дека е сместен на Инфективната клиника во Белград.

„Кога се ова започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективната клиника.

Сине, ќе го победиш тоа. Те сака тато, сите те сакаме“, наведе Вучиќ на Инстаграм.

- Реклама -