Нов Зеланд не само што ја израмни кривата, тука и ја смачка

Додека другите западни земји се обидуваат да ја забават болеста и да ја „израмнат кривата“, Нов Зеланд се обиде целосно да ја искорени. А политиката не е вмешана во ништо: опозицијата не ги критикува активностите на владата – туку ѝ помага.

Поминаа помалку од две недели откако Нов Зеланд воведе толку строги изолации поради коронавирусот што ги забрани пливањето на плажа и ловот во дивина. Тоа не се неопходни активности, рекоа властите и им порачаа на жителите да не прават ништо што би можело да ги пренасочи ресурсите на итните служби.

Луѓето шетаат и возат велосипед строго во своите населби; наредени во редици на растојание од два метри пред продавниците за храна додека чекаат еден да влезе, еден да излезе; и придружувајќи им се на огромните делови на светот во откривањето на каприците на домашно школување.

Потребни беа само 10 дена за да се појават знаците дека овдешниот пристап – „елиминација“, наместо „спречување на ширењето“ како во Соединетите Држави и другите западни земји – функционира.

Бројот на новите случаи паѓа два дена по ред, и покрај огромното зголемување на тестирањето, а вчера имаше пријавено 54 потврдени или веројатни случаи. Тоа значи дека бројот на лицата што оздравеле, 65, го надминува бројот на дневните новозаразени.

„Знаците се оптимистични“, рече во вторникот Ешли Блумфилд, генералниот директор за здравство на Нов Зеланд.

Брзите резултати доведоа до повици да попуштат забраните, барем малку, за време на четиридневниот велигденски празник, особено со доаѓањето на летото.

Но премиерката Џасинда Ардерн е непоколеблива дека Нов Зеланд ќе го комплетира четиринеделниот карантин – два целосни 14-дневни инкубациски циклуси – пред да попушти. Сепак, таа на велигденските маскоти им даде посебна дозвола да работат за време на викендот.

Како Нов Зеланд толку брзо ја стави под контрола својата епидемија?

До пред еден месец властите не мереа температура на аеродромите и едноставно препорачуваа 14-дневна изолација, вели Вашингтон пост.

Но откако коронавирусот ја разори Италија и почна да се шири во Соединетите Држави, оваа земја, силно зависна од туризмот (прима околу 4 милиони меѓународни посетители годишно, скоро колку што е нејзиното вкупно население) го направи претходно незамисливото: на 19 март ги затвори границите за странците.

Два дена подоцна, Ардерн одржа телевизиско обраќање од својата канцеларија (прв пат од 1982 година, кога беше одржан говор во стилот на Овалната канцеларија) објавувајќи итен план за реакција на коронавирусот, во кој беа вклучени четири фази, при што Ниво 4 беше целосен карантин.

Наредниот ден ѝ се јавија група влијателни лидери од земјата и побараа итно преминување на Ниво 4, загрижени од тоа што се случуваше во Италија и Шпанија

На 23 март, понеделник, Ардерн се обрати уште еднаш и ѝ даде на земјата 48 часа за да се подготви за карантин на Ниво 4. „Во моментов имаме 102 случаи“, рече таа. „Но и Италија некогаш имаше толку“.

Од таа среда вечер, сите мораа да останат дома четири недели, освен ако не работат неопходна работа, како што е здравствена заштита, или одат во супермаркет, или вежбаат во близина на својот дом.

На телефоните на граѓаните стигнуваа пораки: „Однесувај се како да имаш ковид-19. Ова ќе спаси животи. Ајде да направиме сè за да се обединиме против ковид-19“.

Од најраните фази, Ардерн и нејзиниот тим зборуваа со едноставен јазик: Останете дома. Не контактирајте со никого надвор од „меурот“ на вашето домаќинство. Биди љубезни. Сите заедно сме во ова.

Обично ова таа го прави од подиумот за прес-конференции, од каде што разговара за сè, од цената на карфиолите до субвенциите за плати. Но таа редовно дава нови информации и одговара на прашања на Фејсбук, како тогаш кога го стори тоа од дома – можеби од својот кревет – облечена во блузон.

Продолжете тука

- Реклама -