Угостителите се собраа заедно. Носеа маски и ја запазија мерката за одржување растојание. Иако на оваа прес конференција ги почитуваа препораките и мерките на здравствените власти, сепак велат дека владините економски мерки нема да ги користат.
Од Туристичко угостителската комора на Македонија велат дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат, нема да ги користат владините мерки, бидејќи, како што рекоа, истите се недоволни и селективни.
Тој вели дека овие мерки само ќе го зголемат задолжувањето на угостителите и дека нема да им олеснат во надминување на кризата.
Како што вели тој, малите бизниси нема да можат да ги задржат нивните работници, бидејќи немаат приходи, со оглед на тоа што тие беа први затворени, а веројатно и последни ќе се отворат. Тој информираше дека во овие дејности биле вработени околу 29 илјади лица, во околу 6.000 правни субјекти. Тие порачуваат владата да ги преземе платите и придонесите на нивните вработени во следните два месеци.
Инаку, Владата донесе одлука фирмите да не ги отпуштаат вработените за време на кризата со коронавирусот.