Истрагите за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести и момчето од скопската населба Карпош, кои кривично се гонат заради ширење на корона вирусот, не може да завршат се додека не оздрават луѓето кои ги заразиле.
Од обвинителството за Канал 5 потврдуваат дека се собираат материјални докази- медициниска докумнетација од болниците каде се лекуваат луѓето кои ги заразиле, а за вербалните докази односно исказ од заболените ќе се почека тие да оздрават, доколку е потребно за изјава ќе се повикаат и нивните лекари, објаснуваат од обвинителството.
Докторката од кожно беше меѓу првите заболени од корона вирусот, потврдено е дека зарази 6-мина колеги, а околу 200 беа во карантин. Истражителите собирале докази и од местото каде бил одржан семинарот на кој говорела докторката, се прави мрежа од сите лица со кои таа стапила во контакт.
Неодговорност се истражува и за момче од Карпош, потпишал изјава за карантин но не ја почитувал, се разболе неговиот татко и уште неколку колеги, а првично изјавите беа дека се заразиле од нивни соработници од Србија. На списокот на заразени од ова семејство се брои и медицинска сестра од домашна посета која се заразила од таткото-според одговорните од итна помош ја повикал службата без да каже дека реча резултати за ковид 19. Се поизвесно е дека двата случаи ќе зарвшат со обвинителен акт, за делото е пропишана и затворска казна.
Највисока парична казна за ширење на вирусот е 5000 евра изречена во случјот со заразеното 4 годишно девојче од Штип, неодговорно член на семејството одел кај соседите и на одделот за уво нос и грло. 4500 евра треба да плати докторот од Кавадарци кој наместо да седи дома по враќањето на ќерката од италија тој продолжил да оди на работа.
До сега во основните судови, решени се вкупно 82 казнени налози заради непочитување на мерките за време на пандемијата. Изречените парични казни се поткрепени со полициските записници, присуство на прекршителите во судот не е потребно, само доколку приговараат па ќе се чека да им помине карантинот.