Марк Меклург, 40 годишен свештеник од Њутаунвардс, Северна Ирска и татко на три деца, без претходни заболувања
„Имам коронавирус и последниве две недели се борам за мојот живот на интензивната нега. Сакав да споделам персонално видео за тоа колку смртоносен и опасен е овој вирус. Помогнете ми со тоа што ќе го ретвитнете ова. Мора да го заштитиме нашиот прекрасен медицински персонал“, напиша свештеникот кој преку видео-обраќање на неговиот твитер-профил рече: „Овој вирус е смртоносен и сака да го одземе целиот живот од вашите бели дробови“.
– Мислев дека тоа е тоа, готово, ќе починам, изјавил за BBC 40 годишниот татко на три деца кој немал претходни заболувања.
Свештеникот ги почувствувал симптомите додека бил дома, две недели откако веќе започнале проблемите со дишењето, но без кашлање.
„Се качив во собата каде жена ми ги заспиваше децата и и’ реков: Клер, не можам да дишам. Се јавив во болница, ме земаа со температура од 38 степени. Веднаш ме тестираа, но првиот тест беше негативен на Ковид-19“, вели Марк, кој ги опишува симптомите „како да се давиш под вода“.
„Неколку дена подоцна немав енергија. Докторот мораше да ми вметне цефка за ми даде седативи. Немав сила во белите дробови за да дишам. И се јавив на сопругата и и’ реков: Клер, јас ќе умрам тука“, вели Марк за BBC.
„Коронавирусот ги обзема белите дробови и ќе се обиде да го ишмука животот од вас“, заклучува свештеникот и додава: „Секогаш кога некој умира од Ковид-19, умира сам. Немаат никој, срцепарателно е. Никој не ја држи нивната рака. Тешко е, и токму тоа ќе ви го скрши срцето“.
За среќа, пред неколку дена свештеникот го победи коронавирусот и сега е дома со својата сопруга и трите деца, а секојдневно споделува и благодарност на социјалните мрежи до сите медицински работници.
Тара Џејн Лангстон, 39 годишна келнерка од Лондон, Велика Британија и мајка на две деца, без претходни заболувања
– Ако некој смета дека има шанси со коронавирусот, само нека ме погледне мене. Јас сум во одделот за интенизвна нега, не можам да дишам без ова, вели 39 годишната мајка Тара Џејн Лангстон, која преку видео се обраќа на следбениците на нејзиниот фејсбук-профил во почетокот на месец март од болницата Хилингдон во западен Лондон.
„Всушност, сега се чувствувам десет пати подобро од претходно. Ве молам сите, не ризикувајте со коронавирусот бидејќи станува лошо и можеби ќе завршите во болница“, апелира Тара која работи како келнерка.
„Дококу пушите цигари, ви препорачувам веднаш да ги оставите, бидејќи ќе ви треба целиот капацитет на вашите бели дробови“, предупредува пациентката:
Продолжете на слободен печат