Маските само по себе не се „чудотворно решение“ во борбата против пандемијата на ковид-19, и нивната употреба меѓу населението е оправдана во случај на ограничен пристап до вода за миење на рацете или кога е тешко физичкото дистанцирање, изјави денес шефот на Севтската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус.
„Нема бинарен одговор, нема чудотворно решение. Маските сами по себе не можат да ја сопрат пандемијата на ковид-19“, кажа Гебрејесус на телеконференција за новинарите од Женева.
Шефот на СЗО ги осуди „расистичките изјави“ на некои научници кои неодамна ја спомнаа Африка како место каде што би можела да се тестира потенцијалната вакцина против коронавирусот, осудувајќи го „наследството на колонијалниот менталитет“.
„Тој вид расистички зборови не придонесуваат. Тие се спротивни на духот на солидарноста. Африка не може и нема да биде терен за тестирање на која било вакцина“, кажа Гебрејесус, поранешен шеф на диломатијата на Етиопија. Тој кажа дека наследството на колонијалниот менталитет реба да прекине. Не наведе за кои научници станува збор.