Како бoмбa синоќа ширум светот одекна веста дека еден од тигрите во зоолошката градина во Бронкс, Њујорк, е позитивен на тестот за коронавирусот.
Како што пренесоа американските медиуми, 4-годишната малајска тигрица Надија била тестирана откако, заедно со уште пет други тигри и лавови во зоолошката, почнала да покажува симптоми на респираторна болест, сува кашлица и делумно губење на апетитот.
„Не е познато како оваа болecт понатаму ќе се развива кај дивите мачки, со оглед дека различни видови различно реагираат на нови инфeкции, но ќе продолжиме да ги будно да ги надгледуваме сѐ до нивното целосно закрепнување“, велат од зоолошката.
Животните биле заpaзени од вработен во зоолошката кој се грижел за нив додека бил „асимптоматски заpaзен со коронавирусот“, соопштија од зоолошката, која заедно со другите зоолошки е затворена уште од 16 март.
Веста предизвика многу реакции, не само затоа што ова е прв случај на потврден коронавирус кај диви мачки, туку и затоа што голем број Американци, вклучително и градски советници, беа максимално гнeвни што животните од зоолошката имале „предност“ во тестирањето пред многу од нивните сограѓани:
„Тигар во зоолошката во Бронкс има повеќе пристап до тестирање отколку луѓето од Јужен Бронкс, каде ризикот од cмpт од КОВИД-19 е двапати повисок отколку во остатокот од градот?“, коментираше градскиот советник Ричи Торес, на пример.
Ваквите обвинувања, меѓутоа, се бескрајно апсурдни, затоа што, како што објаснија и од зоолошката по неверојатно силните реакции во јавноста, тестовите што им се прават на животните ниту се прават, ниту можат да им се прават на луѓе:
„КОВИД-19 тестирањето на нашата тигрица Надија беше извршено во ветеринарна училишна лабораторија и тоа не е истиот тест кој се користи за луѓе“, објасни главниот ветеринар од зоолошката во Бронкс во соопштение до јавноста доцна синоќа.
„Не можете да пратите човечки материјал во ветеринарна лабораторија, исто како што не можете да тестирате животни во човечка лабораторија, такашто не постои конкуренција во тестирањето помеѓу овие две сосема различни ситуации“, стои во соопштението.
Што се однесува до другите диви мачки во зоолошката, меѓу кои леопарди, чити и пуми, ниту една од нив не покажала симптоми, информираат од зоолошката.
Според американското Министерство за агрикултура, нема други пријавени случаи на „домашни миленици или други животни“ болни од КОВИД-19 во САД. Оттаму сепак апелираат луѓето заpaзени со коронавирусот да избегнуваат контакт со животни, барем додека не бидат познати повеќе информации за сѐ уште новиот вирус.
Животните, сепак, можат да го добијат виpyсот од нивните сопственици. Таков случај имаше кон крајот на март во Белгија, кога мачка беше позитивна на коронавирусот. Слични случаи имаше и во Хонгконг каде две кучиња беа позитивни на Ковид-19.
И американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) потврдува дека животните можат да заболат од коронавирусот, но научниците, барем засега, не веруваат дека истиот може да биде пренесен од животно на човек.