Твитер избришал над 8.5 илјади профили што го промовирале Вучиќ и неговата СНС

Друштвената платформа Твитер избриша илјадници профили од неколку земји, кои „делувале според владини директиви“ или „промовирале провладини содржини“, објавија од компанијата.

Се работи за профили од Србија, Египет, Хондурас, Индонезија и Саудиска Арабија. Меѓу нив се 8.558 профили кои ја промовирале владејачката пapтија во Србија – Srpsku naprednu stranku (SNS) и нејзиниот прв човек – српскиот претседател Александар Вучиќ.

Од Twitter велат дека профилите се избришани бидејќи ги прекршувале политиките на користење на платформата бидејќи се наменски создадени за да ја caботираат јавната расправа.

- Реклама -