Премиерот Оливер Спасовски, пред малку реагирааше во врска со објавеното видео со насилство врз 21 годишна девојка од Штип.
,,Го осудувам вознемирувачкото насилство во Штип и лично ќе се погрижам сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети согласно законот.
Во овие моменти, сите мора да покажеме свест и одговорност, и политичарите, и медиумите и граѓаните. Ги повикувам медиумите и граѓаните да не го споделуваат вознемирувачкото видео, за да ја почитуваат приватноста на девојката.
Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек. Добро е што институциите веднаш постапија и очекувам резултати од тоа постапување наскоро. Ги охрабрувам сите оние кои сведочат, или пак самите се жртви на насилство да пуштат глас и да пријават, за институциите да постапуваат. Никој не треба да живее во страв или тортура, тоа е основно човеково право и зад тоа секогаш ќе стојам и лично како човек а и како институција“- напиша Спасовски.