Британски експерти пресметаа колку животи се спасени од Ковид-19 во Европа со мерките за карантин

Базирајќи го нивниот модел врз бројките на регистрирани смртни случаи од Ковид-19 во 11 европски земји во кои се воведени строги карантински мерки за борба против ширење на коронавирусот, британски експерти дојдоа до заклучокот дека ваквите рестрикции веројатно значително ја намалиле стапката на ширење на вирусот.

Како што покажува моделот на истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон, во 11-те земји кои биле разгледувани, карантинските мерки досега спасиле до 59.000 животи.

Користејќи ги искуствата на земјите со епидемии во најнапредна фаза, како Италија и Шпанија, студијата ги споредила актуелните стапки на смртност со проценка за тоа што ќе се случело без имплементација на мерките, како затворање на училиштата, откажување на настаните и воведувањето на карантин.

Al Jazeera

 

- Реклама -