Во Стразбур: За постарите од 80 нема респиратори, добиваат само „нега за крај на животот“

Состојбата во францускиот регион Алзас, еден од најпогодените од Ковид-19 во земјата, е толку лоша што полека излегува од контрола, а напливот на пациенти е толку голем што одреден дел од нив не добиваат ни нега, пренесува „Дојче веле“.

Во универзитетската болница во Стразбур, медицинскиот персонал работи дури и ако е заразен со коронавирус, а пациенти постари од 80 години повеќе не добиваат поддршка од респиратори.

Наместо тоа, на постарите лица им се дава само „нега за крај на животот со опијати и апчиња за спиење“, известуваат вработени во германскиот Институт за кризна медицина од Тибинген, кои ја посетиле болницата во Стразбур во понеделникот.

По враќањето, германските медицински експерти ги предупредиле властите во германската покраина Баден-Виртемберг дека постои „реална закана“ и дека „под итно“ треба да се подготват за слична ситуација како во Стразбур. Повеќе ТУКА.

- Реклама -