Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален Facebook профил објави видео со инструкции како да постапите ако сметате дека имате симптоми на коронавирус.
„Ако имате симптоми типични за коронавирусот, како што се сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, јавете се по телефон кај вашиот матичен лекар. Не одете во ординација, чувајте го вашето и здравјето на другите! #ЗаштитиСе“, стои во објавата на Филипче.
Во прилог, погледнете го видеото во кое има детален водич како да постапите, дали се квалификувате за тестирање и како се одвива процесот на тестирање:
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/2828253883919046/