Во исклучително тежок момент за нашата држава, за Европа и за целиот свет, денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија, информираше премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција за медиумите и јавноста.
„Советот за општи работи на ЕУ се согласи дека нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите за членство во ЕУ“, посочи Спасовски.
„Стигна верификацијата за успехот на нашите напори, за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Собранието, Владата, судството – да ги спороведат реформите што ги поставивме како наша цел во 2017-та година“, констатираше тој.