Кинески инфектолог: Пандемијата во Европа може да трае и до две години

Пандемијата на Ковид-19 може да потрае и до две години, оценува кинески инфектолог познат по тоа што не ја зашеќерува според него реалната слика.

 

На неодамнешна видео конференција во Дизелдорф, Жанг Венхонг – директор на Оддлот за инфективни болести на Универзитетската болница Хуашин во Фудан, порача дека Европа мора да се подготви за борба што би можела да трае и до 2 години.

„Ќе биде сосема нормално ако вирусот доажа и си оди и трае една до две години“, рече Жанг, пренесува South China Morning Post.

Во своето обраќање, Жанг ја предупредил својата публика во Германија да „заборави на идејата дека пандемијата во Европа ќе заврши во блиска иднина“.

Жанг, кој се бореше со епидемијата на Ковид-19 во Шангај, се прослави во јануари, кога изјави дека докторите во првите борбени линии ќе ги замени со членови на Кинеската комунистичка партија, бидејќи тие сите „дале заклетва“.

Жанг претходно процени дека епидемијата во Кина може да го достигне пикот некаде меѓу април и јуни и да се повлече за време на жешките летни месеци. Но исто така оцени и дека вирусот може да се врати наесен или зимоска, со можен нов вртоглав пораст во пролетта 2021 година.

Но откако епидемијата на коронавирусот прерасна во глобална пандемија, проценката на Жанг е дека болеста може да го афектира светот во бранови во текот на следните две години. Според него, единствен начин циклусот да биде прекинат е ако сите земји во светот се здружат и тимски и симултано преземат, како што вели, „екстремно радикални мерки“.

Жанг порачува дека пандемијата може да биде запрена ако светот „би можел да престане да се движи во времетраење од четири недели“. Сепак, тој се сомнева дека такво глобално „гасење“ е можно да се случи, дури ни само во Германија или во Европа.

Кинескиот инфектолог предупреди дека без синхронизирана координација, строгите мерки во една земја можат да бидат поништени со порелаксираните мерки во други земји. Тој го посочи сегашниот пример со Кина, која почна да ги намалува рестрикциите на движење, но која сега, според него, се соочува со втор бран на зарази што доаѓаат од преку океанот и можат да започнат втора епидемија.

Сепак, Жанг се обиде да внесе и малку оптимистична нота, истакнувајќи дека сѐ додека земјите продолжуваат да воведуваат сѐ поагресивни стратегии на карантин, „ефективната контрола врз пандемијата е само прашање на време“.

Извор: Тајван њуз

 

- Реклама -