Испливуваат на површина премиерите што не знаат да стават заштитна маска (ВИДЕО)

И додека насекаде фрчат повици за смиреност и доверба во институциите, во контекст на кризата со коронавирусот, во некои држави е потешко да се излезе во пресрет на овие апели, во споредба со некои други. Тешко е човек да е смирен кога гледа, на пример, дека вториот најважен, најмоќен и со најголема одговорност човек во државата (под претпоставка дека министрите за здравство се на првото место) – премиерот, не знае ниту да стави обична хируршка маска.

Во таква ситуација се најдоа Босанците, откако на прес-конференција премиерот на БиX – Фадил Новалиќ, имаше потешкотии со овој прилично едноставен концепт.

Пред неколку дена и бугарскиот премиер Бојко Борисов не се снајде најдобро со хируршката маска, што веројатно требаше да биде знак и за останатите премиери дека можеби треба малку да повежбаат.

- Реклама -