Резултатите од 22 теста се во исчекување, вкупно заболени се 42 лица

Денеска се очекува да бидат соопштени резултатите од нови 22 теста кои се работеа синоќа. Овие тестирања се во рамките на раниот скрининг кој го најави Министерството за здравство.

Инаку, во текот на вчерашниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42.

Како што е соопштено, состојбата на сите пациенти е стабилна, а само кај две заболени лица имаат средно изразена пневмонија.

Едно лице, првозаболената, веќе е излекувана.

- Реклама -