Османи: Во ЕУ постигнат консензус за почеток на преговори

Во Брисел е постигнат консензус за почеток на преговори на Европската унија со Македонија со безусловно барање за одржување на првата меѓувладина конференција по утврдувањето на преговарачките рамки, информираше вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

На прес-конференција во Владата тој кажа дека се очекува денеска да се потврди од страна на амбасадорите, а потоа и на самитот на 26 март, односно на видео-конференцијата.

Земјата, според Османи, после 15 години чекање конечно ќе почне преговори со Унијата.

- Реклама -