За едно деноноќие 475 лица починаа од коронавирус во Италија
Над четири илјади новозаразени и речиси петстотини мртви е епилогот од епидемијата на коронавирусот во последните 24 часа во Италија.
Според последните официјални инфромации во последните 24 часа од Ковид-19 починале 475 луѓе, што е најмногу до сега а регистрирани се нови 4.207 случаи.
Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Италија е 35.713, а моментално 28.710 се позитивни. До сега се излекувале 4.025 луѓе. Досега во Италија коронавирусот одзеде 2.987 животи.