Скијачкиот ресорт Ишгл во австриски Тирол, според пишувањата на австрискиот портал „Miss.at“, но и уште некои медиуми, е местото на кое околу сто или илјада луѓе се заразиле со коронавирусот, односно тој скијачки центар е епицентарот на инфекцијата Ковид-19 во Европа.
Како почнало сè?
Постојат сомнежи дека сè започнало од ски барот, каде што посетителите од различни места на светот се заразиле со коронавирусот. Тоа го потврдува информацијата од Данска, Шведска, а особено од Германија за новите позитивни пациенти на кои на сите им е една работа заедничка – наводно се вратиле од скијање на Ишгл. Откако се вратиле дома, почнале и самите тие да ја шират опасната зараза.
Тоа што е особено вознемирувачки е дека во целата оваа приказна има информација дека локалните власти во Ишгл биле предупредени многу претходно дека нивното подрачје е “зона на опасност“ и дека таму има сомнителни случаи, но и покрај тоа тие скијачите ги пуштале без никаков проблем или пак некаква контрола, а секојдневно доаѓале нови луѓе кои што не биле предупредувани од можната зараза.
Првото предупредување, веќе на 5-ти март дошло од Исланд. Исланд на 5-ти март ова подрачје го прогласил за зона на опасност и сите кои што оттаму се враќале во Исланд морале да поминат период од 14-дневна изолација. Во тој момент во Австрија имало 55 случаи на заразени од коронавирусот, а направени биле над 4.000 тестирања.
Како што наведуваат од австриските медиуми, првиот официјално заразен случај бил потврден на 6-ти март токму во Ишгл.
Меѓутоа, и покрај тоа, во ски центарот сè продолжило да се одвива во вообичаен тек, со многубројни скијачи кои секојдневно се собирале по тамошните барови. Во текот на последната седмица од скијачката сезона никој во Ишгл не сакал да се откаже од својата заработка, ниту властите, но ниту рестораните и баровите, па сè продолжило да тече по најнормален ред.
Сите податоци упатуваат на тоа дека првиот пациент заразен од коронавирусот во тамошниот ски центар бил од Норвешка кој што работел како келнер. На 9-ти март се појавиле и нови случаи на заразени луѓе поради што се очекувало тамошните барови да се затворат. Меѓутоа, скијањето и забавата продолжиле и во наредните денови.
Целата статија на точка