Вирусот COVID-19 и домашните миленици?

Во извештајот на ОИЕ (светската организација за здравствена заштита на животните) меѓу другото се вели дека моменталното ширење на вирусот COVID-19 е резултат на пренос од човек на човек. До ден денес, не постојат докази дека домашните миленици можат да ја шират болеста. Исто така нема потврда во оправданоста за преземање на мерки против домашните миленици кои може да ја компромитират нивната благосостојба.

Ветеринарните службиво Хонг Конг ја известиле ОИЕ дека кучето кое имало позитивен тест на вирусот COVID-19 следувал после блиската изложеност и контакт со неговиот сопственик кој бил заразен со COVID-19 – нотификација (01/03/2020) и извештај бр1 (09/03/2020). Тестот спроведен со real time PCR, покажал присуство на генетски материјал од вирусот COVID-19. Кучето не покажувало клинички симптоми на болеста.

Не постојат докази дека кучето има улога во ширењето на ова човечка болест ниту пак тоа заболело.
Во известувањето на ОИЕ се вели дека понатамошни испитувања се потребни за разбирање дали и како различни животни можат да бидат погодени од вирусот COVID-19.

Понатаму ОИЕ наведува дека не постојат докази како поддршка за воведување мерка на ограничување на движењето или трговијата со домашните миленици.
Во известувањето се препорачува после контакт со домашен миленик задолжително да се измијат рацете и да не се пипкате по лицето и носот со нечисти раце.

Фејсбук статус на Зоран Атанасов – директор на Агенција за храна и ветеринарство

- Реклама -