Претседателот на државата, Стево Пендаровски реши прогласи вонредна состојба, дознава „А1он“. Според нивните информации денеска во два часот попладне, преку обраќање на МРТВ кое веќе е закажано и за кое на МТВ веќе оди најавен телоп Пендаровски за воредната состојба јавно ќе соопшти со цел информирање на сите граѓани на нашата држава.
Вонредната состојба е последица на состојбата со коронавирусот, како и зголемувањето на бројот на заболени. Според Уставот, оваа состојба може да трае најмногу 30 дена.
Ова е единствен начин кој го нуди Уставот за ефикасно справување со коронавирусот, при што, заради општо добро, Уставот дал можност да се ограничат слободите и правата на граѓанинот, односно да можат ефикасно да се спроведат мерките на Владата кои ќе бидат задолжителни за сите, без право на отстапки и ќе важат на територијата на целата држава.
„Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот“, се вели во Уставот.
Целата статија тука