Прва дестинација е инфективната клиника. Таму веќе се згрижени заразените, а негата ја добиваат директно од докторите, сестрите и останатиот персонал. Докторката Милена Стевановиќ која е и директор на инфективната клиника за КОД раскажува како изгледа еден работен ден на вработените.
Првиот случај кој дојде на инфективното одделение беше жената од Скопско која се врати од Италија и која таму била лекувана без да знаат дека го има вирусот. По доаѓањето тука и беше извршено тестирање и се покажа позитивна. По ова се редеа случаите со двајцата сопружници од Дебар кој исто така се вратија од Италија, па докторката, па соседите на оние од Дебар.
За сега никој не го открива точниот број на оние кои се во домашен карантин или самоизолација, а се таму од различни причини. Такви ги има во Скопје, Дебар, Куманово, Стумица. Со ова се отвори и прашањето како и кој ќе им носи храна, лекови, основни сретства за хигена. Дел од нив се со помош од блиските, на голем дел им помага црвениот крст.
Ова е само еден од тимовите на Црвениот крст кој ги посетува оние кои се во изолација. Пакетите со храна се подготвуваат овде, во нив се става се што е неопходно и се дистрибуира до луѓето кои нема да смеат да излезат од дома две недели.
Но на луѓето кои се подолго време дома и не смеат да излезат надвор не им е потребно само да преживеат. Потребна им е и психолошка помош бидејќи од една страна се навикнуваат на новиот начин на живот, а од друга се соочуваат со фактот дека можеби се заразени со опасниот вирус. Ова дошло до израз особено кога се зголеми нивниот број, вели секретарот на црвениот крст Сузана Тунева Пауновска.
Од полициската станица Бит пазар, заедно со патролата тргнавме и ние во обиколка. Полицајците имаат задача да набљудуваат дали оние кои треба да се во изолација ги почитуваат правилата.
До сега нема прекршувања на редот утврдила полицијата. Секој кој е приморан да е во карантин го пронашле на локацијата каде го оставиле кога ја извршиле и претходната обиколка. Така беше и овој пат.
Како се стемнува, така градот полека замира. Една од мерките кои ги донесе Владата е по 18 часот да се затворат кафе баровите, кладилниците, казината па центарот на Скопје овие последни неколку вечери е речиси празен. Пред полноќ пак запира и работата на возачите на автобусите на ЈСП, чии што линии сега се редуцирани исто како кога е распуст на учениците. По возниот ден, возилата одат на редовно чистење. Овие денови збогатено со посебни мерки за дезинфекција поради тоа што јавниот превоз важи за еден од најголемите преносители на вирусот. Автобусот прво се чисти од надвор со посебни сретсва за хигена, што е и редовна процедура и во нормални услови. По ова вредните раце на хигиеничарките го чистат од огромното количество ѓубре кое граѓаните го оставаат во автобусите, и се врши посебна дезинфекција на сите внатрешни површини. Откако внатрешноста е исчистена , тек тогаш целосно се дезинфицира со посебно сретство кое ги уништува сите бактерии и вируси.
Град скопје донесе мерка со која деновиве ги исклучи бесплатните возења за пензионерите во втроник, петок и викенд како превентивна мерка. Ги укина и ученичките карти со што се обидува да ги спречи младите кои не одат на училиште да излегуваат во град.
Новата корона состојба тек започнува да ја опфаќа земјава. Никој за сега не може да предвиди што ќе се случува, колку време ќе трае и како ќе се излезе од ковит 19 ерата. Факт е дека во две недели земјава регистрираше 13 случаи кои беа позитивни на вирусот, но и нулта пациентот кој се излечи.
Средината на декември од дивиот пазар во Вухан се разви вирусот кој и за научниците беше непознат. Го доби името ковид 19, но вакцина за него светот се уште не доби. Во меѓувреме Кина беше земјата која го доби првиот удар но и пракса како да се намали ширењето. Се вика самоизолација. Сега 60 милјони граѓани на Италија се во центарот на вниманието на светот откако не ја сфатија опасноста, сериозно. Случајот на Италија, дури и СЗО повика да биде лекција за секој човек. А италјаните секој ден докажуваат дека и од дома може да биде весело, на секојдневна комшиска свирка.
Видеото ТУКА