Министерот за здравство Венко Филипче ќе препорача на денешната владина седница да се усвојат дополнителни мерки за спречување на ширење на коронавирусот.
Како што кажа Филипче на денешната прес-коференција, станува збор за забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на присутни, а за кафетериите и рестораните да се скрати работното време до 18 часот и, истовремено, да го преполоват капацитетот на присутни гости за да има дистанца меѓу нив. Тој кажа да се затворат и сите места кај што се собираат граѓани, како теретани, кина, театри и обложувалници.
„Разговаравме вчера со колеги од Италија и ни беше посочено дека во северниот дел ширењето на вирусот престанало со воведување на најригорозните мерки, што ни укажува дека треба да бидеме порадикални“, изјави Филипче.
За верските заедници рече дека мора да се придржуваат до мерките на владата.