И Меркел е потенцијален преносител на коронавирусот (ВИДЕО)

Обичeн cмpтник или германската канцеларка Ангела Меркел – на коронавирусот COVID-19 му е сеедно. Сеедно му е и на германскиот Министер за внатрешни работи – Хорст Зехофер, за кого буквално секој е потенцијален  преносител на виpусот. Тоа доведе Зехофер денеска да се најде во фокусот на светската јавност, откако одби да се ракува со Ангела Меркел.

Меркел пристигна на самитот за интеграција и вербално ги поздрави присутните, но пристигнувајќи на своето место инстинктивно му подаде рака на Зехофер, кој седеше непосредно до неа. Зехофер само прашално ја погледна и одби да го прифати ракувањето, образложувајќи дека… коронавирус.

Меркел веднаш се повлече, извинувајќи се, па со широка насмевка му порача дека сосема ја разбира неговата одлука. Се насмејаа и останатите присутни во салата, а Комесарката на сојузната влада за интеграција – Анет Видман-Мауз, која ја придружуваше Меркел, го поздрави Зехофер со прекрстени раце и благ наклон.

Сепак, министерот ниту се шегува за да биде интересен, ниту пак пројави некаков посебен третман за Меркел. Напротив, тој уште минатата недела реши поради коронавирусот да не се ракува со никого. Поддршка за таквиот потег доби токму и од министерката Видман-Мауз, која за разлика од Меркел не се залeта да пружи рака.

- Реклама -