Пишува Горан Михајловски за „САКАМДАКАЖАМ.мк“
АХТУНГ, АНГЕЛА
Техничкиот премиер Оливер Спасовски се чуди како не може да се најде одговорен зошто снема обрасци за пасоши. И јас се чудам како можело да снема пасоши. А уште повеќе се чудам како тој, како довчерашен мининистер за внатрешни работи и актуелен премиер, се прашува како не може да се најде одговорен зошто обрасците за пасоши не биле на време нарачани од Германија.
И сега, на секое појавување во јавност, Оливер Спасовски и техничкиот министер на МВР Наќе Чулев ќе се обвинуваат кој е виновен за пасошите. Чулев дури побара и јавниот обвинител да отвори истрага зошто нема пасоши, а Спасовски ургирал кај Ангела Меркел нарачката да стигне десет дена порано.
Не знаеш чија постапка повеќе се мајтапи со здравиот разум. Дека Меркел треба уште таа работа да ја заврши за Македонија. Кога веќе самата си поставила задача да нѐ истурка во ЕУ. Таа нѐ турка, а ние со сета сила даваме отпор.
Тој отпор да се има сериозна држава нема врска ни со партија, ни со министер, ни со тоа кој е на власт. Ова е вродена неспособност и немарност на државната аднинистрација, чија единствена задача е да ги сервисира граѓаните. Што им е работа на вработените во некоја служба на МВР кои добиваат плата за да им обезбедат лични карти, пасоши и возачки дозволи на граѓаните?
И сега, откако оставија илјадници луѓе без лични документи, ќе дебатираме по телевизии и на Фејсбук, ќе се вклучи цела машинерија и ќе се формира комисија во која ќе има и лекар за да пресуди кој може да добие пасош. Што специјалист ќе биде лекарот? Психијатар ли? Па ќе отвориме муабет од која партија ќе бидат членовите на комисијата, па колку Албанци ќе има, па со какво мнозинство ќе носат одлуки. Врски кај лекар да фаќаме и за пасош. Па и Антикоруциската комисија да се вклучи, нека им ги проверува имотните листи и роднински врски на членовите на комисијата за пасоши. Да имавме и Комисија за антидискриминација, на која што ѝ е истечен мандатот веќе цела година, ќе требаше и таа да се вклучи во гломазната машинерија на откривање кој е виновен што некој во МВР не знаел да брои.
Како тргнале, може и Државната лотарија да ги влече среќните добитници на пасоши во директен пренос на јавниот сервис. Па Оливер и Наќе ќе се скараат и кој да им ги врачува пасошите… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.