МВР денеска ќе ги соопшти деталите за синоќешната акција во Крушепек. Разликата во шпекулациите – дали се запленети 1,2 тона или само 1 килограм кокаин, може да изнесува 1.119 килограми лажни вести.
Голема акција, голема заплена на кокаин или преувеличувања за изборно-пропагандни цели? Повод за ваквите дилеми се синоќешните медиумски информации кои се повикуваа на извори во полицијата, а според кои во скопското село Крушопек биле запленети 1,2 или 1,3 тони кокаин. Потоа бројките се стопија, па од истите извори стигнуваа неофицијални информации дека е запленет само 1 килограм.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на гостување во ТВ „Телма“ изјави дека никогаш порано немало толку кокаин како во последните три години, но откако Наќе Чулев дошол во Министерството за внатрешни работи – веднаш имало акција за сузбивање.
„Тоа е разликата“, потенцираше Николоски.
Претходно за истата тема на социјалните мрежи се огласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.