„Од 91-година, во 2017-та година доаѓа извршно решение, за 2 илјади денари, за два чека во Југославија, во динари, 2000 динари, ми доаѓа сума 120 илјади денари“.
На први февруари минатата година премиерот изјави дека постои волја да се бришат долгови за струја во вкупен износ од 110 милиони евра на 200.000 граѓани и семејства.
„Намерата е да избришеме долг на граѓаните од 110 милиони евра. Тоа се огромни пари и ќе биде големо олеснување за граѓаните“, рече Заев.
Но, тоа нема се случи. Законот со кој се предвидуваше да се избришат долговите стари 10 години кон приватни и јавни претпријатија не се изгласа во Собранието. Самка Ибраимовски, досегашен пратеник од Партијата за целосна еманципација на Ромите, кој е предлагач на законот, вели дека е разочаран. Сепак, ветува дека доколку добие нов мандат на изборите на 12 април, по 55 дена ќе биде донесен закон кој ќе предвидува бришење на застарени сметки, како што постои во законот за застарување на предмети.
„Како да не ми е криво, јас се трудев цела година и соработував со Стоп за извршители на нивните протести пред Министерство за правда и констатирав дека ова е прво решение кое треба да го направиме да го стопираме застареносто како што има и во други закони. Ќе ги молам моите социјални граѓани сиромашни граѓани кои се блокирани од извршители да причекаат после избори. По 55 дена тој закон ќе мора да го гласаме во истово Собрание“, рече Ибраимовски.
Во собранието се донесе закон со кој се предвидува бришење на каматите на граѓаните кон сите Јавни претпријатија. Марјан Ристевски од „Стоп за извршители“ вели дека законот ќе им помогне на илјадници граѓани. Сепак, по изборите ќе бараат да се донесе и закон на застарување на долговите.
„Имаме сметки за 300-500 денари се плаќаат се плаќаат преку 10 илјади денари, сега со овој закон ќе се бришат каматите и ќе има репрограмирање на долгот. Ако долгот е од одредена сума има можност да се плати од 10, 12 дури до 48 рати. Мислиме дека со оваа мерка на многу граѓани ќе им олесни. Но пак ќе кажам дека мора да се направи за застареноста на долговите веднаш по парламентарните избори ќе го актуализираме тоа прашање.“, рече Марјан Ристевски.
Инаку во 2009 година е прекинато е застарувањето на долговите. Сега сите граѓани се задолжени доколку имаат долг кон Јавните и приватните претпријатија, а без разлика колку се тие стари, ќе мора да ги платат сметките.
Извор: Тв21