Неконсултацијата со експерти при превод на текстови доведува до cкандaлозни и трагикомични грешки во користењето на албанскиот јазик од страна на институциите, пишува „Алсат“, посочувајќи го како последен пример „појаснувањето“ на ЈСП за користење на еднократниот билет.
Како што пишува „Алсат“, во преводот на албански, зборот „се чува“ е помешан со зборот „се избричи“, па упатството на ЈСП добива апсурдно значење. Истото гласи:
„Билетот е за едно патување. Билетот мора да биде валиден и да се избричи до крајот на возењето. Билетот што не е валиден се смета за неважечки. При контрола, билетот за верификација се дава на овластеното лице. Возењето со неважечки билет е казниво. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.skopska.mk”.
Како што посочува „Алсат“, токму за ваквите ситуации и превод на материјалите е формирана Агенцијата за спроведување на 3аконот за употреба на јазиците.
Од ЈСП, меѓутоа, признаваат дека не ја консултирале Агенцијата, туку помош за преводот побарале од тројца вработени во претпријатието, кои, како што пишува „Алсат“, не се ниту преведувачи, ниту лектори, а го одобриле текстот. Повеќе ТУКА.