СЕ ВОВЕДУВА ЛИ ТИВОК ШЕНГЕН ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, АЛБАНЦИТЕ И ОСТАНАТИТЕ БАЛКАНЦИ?

Изминатите денови медиумите пишуваа за актерката Емра Куртишова, која била вратена од скопскиот аеродром, со образложение дека не може да патува во Германија, поради неисполнување на условите за влез во земја од ЕУ.

Актерката за Канал 5 телевизија раскажа дека имала уреден повратен авиобилет и потврда од театарот каде што работи, но на пасошка контрола и го оспориле гарантното писмо и тоа дека парите што ги носела со себе не биле доволни за престој.

„Им го дадов гарантното писмо, но беше копија, зашто градот каде што живее сестра ми не издава гарантни писма бидејќи е туристичко место“ – изјави Куртишова за Канал 5 телевизија.

Актерката истакна дека не добила ниту некаков официјален документ зошто е вратена. Таа изјави дека во текот на следните денови ќе се јави и ќе побара објаснување кај сите надележни институции.

„Суштината е чиста дискриминација… Очигледно беше дека човекот бара влакно во јајце. Имаш ли гарантно писмо – велам имам, имаш ли потврда од работа – имам, имаш ли кеш? – имам 500евра. Ми вели, тоа е многу малку. Значи според нив требало да имам 50 евра од ден.

Дали требаше да патувам со 4000 евра, а во гарантното писмо кое што воопшто не го ни прочита службеникот, пишува дека финансиски ќе ме издржува сестра ми – изјави Куртишова.

- Реклама -