Во текот на 20 век, Македонија беше позната низ цела Европа по својот опиум!
Во индустријата за лекови со опиум, која цветаше во првата половина на 20 век, едно од клучните места имаше опиумот, не не само легалниот, туку и на црниот пазар, според новите истражувања на историчарите.
Македонскиот медицински опиум, произведен од афион, кој поради својат екстра висок квалитет беше продаван на светскиот пазар, најпрво го набавија водечки европски фармацевтски компании, а по 1928 година скоро целото југословенско производство на опиум го превземаа американски компании, наведува „Хрватскиот журнал“ за „Современа историја“.
Во една статија, историчар од Институтот за современа историја на Србија, Владан Јовановиќ, во неколку фази реконструира малку познати аспекти на извозот на квалитетниот македонски суров опиум кај американски фармацевтски компании во 1930-тите, кога американско- југословенските односи „го преминаа доменот на економската соработка“.
До 1928 година, фармацевтските фабрики во САД беа 16-тата најпрофитабилна гранка на индустријата, а во „златната ера“ на фармацевтската индустрија (1930-1960) достигна и го држеше првото место, пишува Јовановиќ, истакнувајќи дека на основачите на фармацевтските фабрики ширум Северна Америка доминирале германски имигрантски семејства.
Продолжете ТУКА