До крајот на денов во нашата државава ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, вели во телефонско јавување метеорологот Славчо Попоски во „Утрински брифинг“ на „Слобода ТВ“.
Во текот на утрешниот ден од запад и од северозапад ќе започнат врнежи од дожд, и тоа под влијание на поизразен влажен воздушен бран. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог, на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.
За време на викендот кој доаѓа повторно ќе имаме стабилно, суво и стабилно време без врнежи, наутро на повеќе места температурите ќе се спуштаат не многу под нулата. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени во најтоплите предели од државава.