Дали е Македонија царство на казина, слот машини и автомати за коцкање, станува ли мека за интернет коцкање? Коцкарските компании во земјава (регистрирани како големи и средни фирми) во 2018 година направиле приходи кои надминуваат 210 милиони евра. Станува збор за 17 компании меѓу кои има казина, организатори на коцкање на автомати, слот машини, а има и интернет коцкање. Навистина спортските обложувалници не можат да се мерат со надоаѓачкиот тренд на „коцкање на струја„ без разлика дали се работи за казина, автомати, слот машини или компјутерски апликации кои овозможуваат глобално коцкање…
Бројките се немилосрдни и покажуваат дека во нашата мала земја има бизнис за дејностите за коцкање.
Принцез Хотел Казино на граничниот премин „Богородица“ во близина на Гевгелија е најголемата коцкарница од аспект на остварениот приход во 2018 година. Тој изнесува 40,5 милиони евра, а остварената добивка е 372.000 евра. Сопственици се локалната фирма „Принцес Гроуп“ од Гевгелија и „Ирада“ од даночниот и банкарски рај во јужногерманските Алпи – кнежевството Лиштенштајн.
Следуваат фирмите кои директно или индиректно ги поседува „Новоматик“. Оваа компанија преку фирмата ќерка „ХТЛ Македонија“ ги поседува Мастербет и МА Гаминг , а директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен. Најголем според приходи е „Мастербет“ со реализација од 15,5 милиони евра и добивка од 1,4 милиони евра (станува збор за брендот Астра казина). „МА Гаминг“ остварил приход од 19,4 милиони евра и добивка од 3,1 милиони евра и тоа е најуспешната македонска компанија на „Новоматик“. Гевгелиски „Макотен“ работел со загуба од 3,1 милиони евра, а приходот изнесувал 18 милиони евра.
Битолски „Сенатор“ е најголемиот приредувач на коцкарски игри по големата тројка на Новоматик. Таа компанија што е во сопственост на „Интерфутура“ од Скопје и на странското друштво “Блек Маунтин Инвестмент ЛТД“ во 2018 година остварила приход од 23,6 милиони евра и добивка од 1,7 милиони евра.
Целиот текст ТУКА