Тешки квалификации изнесе Ефтим Клетников во интервју кај Васко Ефтов за поранешниот претседател на нашата држава, Ѓорге Иванов.
Тој рече дека тие како здружение ,,Македонска нација”, уште пред гласањето за промена на името, имале средба со тогашниот Претседател Ѓорге Иванов, на која се договориле тие да соберат потписи, а тој да го обжали идното решение пред Обединетите нации.
За ова според Клетников, тој би имал поддршка од Русија и Кина, а русите, според него, веќе имале подготвено и тим експерти кои ќе го бранеа нашиот став.
-Ѓорге Иванов ги изневери русите кои му правеа многу почести дури беше претседател. Тој беше примен од Путин со сите почести. Но тој ги изневери нив, не изневери и излажа и нас.
Ѓорге Иванов го вбројувам меѓу велепредавниците на овој народ. Не правам разлика меѓу него и Заев. Тој е лажго, ветуваше, но после се повлече за да си ја зачува кожичката, истакна Клетников.