Приштински аналитичар: „Косово не може повеќе да биде размазеното дете на Америка“

Приштинскиот аналитичар Рамуш Тахири даде изјава за одлуката на Вашингтон за одложување или стопирање на американските инвестиции и проекти на Косово.

Вашингтон ги забрани сите инвестиции сѐ додека не се укинат стоотстоните царини на стоката од Србија.

Тахири оцени дека таа мерка покажува дека Косово не може да биде „разгаленото дете на Соединетите Американски Држави“.

„Косово и неговите лидери повеќе нема да бидат разгаленото дете на САД туку мора да се однесуваат одговорно и да ги уважуваат правилата како меѓународен субјект, а особено сите договори од Брисел“, кажа Тахири, кој беше советник на поранепната косовска претседателка Атифете Јахјага.

Тахири додаде дека, по сѐ изгледа, повеќе нема да се толерираат еднострани одлуки и дека, ако тие веќе се носат, ќе мора да се сносат последиците.

„А една од ваквите мерки е одлуката за одложување на инвестициите и проектите на САД на Косово“, кажа аналитичарот.

Тој смета дека новиот премиер Аљбин Курти нема да се осмели да му се спротивстави на Вашингтон и политиката на САД, и дека владата ќе ги укине царините со одреден реципроцитет кој, како што наведе, нема да биде заснован на декрет туку на примената на Бриселскиот договор.

Тахири наведува и дека новите договори за авионскиот и железничкиот сообраќај во некоја мера содржат елементи кои ги изедначуваат авторитетите на двата потписници.

Тој потсетува дека специјалниот претставник на САД за Косово и Србија Ричард Гренел побара и од Србија да се откаже од политика на повлекување на признавањата на независноста на Косово, што Курти може да го искористи како одгвоор за укинување на царините и смирување на домашната јавност.

Според него, Курти како премиер се труди да има добра соработка со меѓународниот фактор кој безусловно бара укинување на царините и не се согласува на воведување реципроцитет, но од Србија бара да престане со пропагандата против независноста на Косово.

Тахири смета дека Курти на домашната јавност ѝ го пропагираше реципроцитетот како достоинствена и правилна мерка која го зајакнува меѓународниот субјективитет на Косово, а кога станува збор за најавениот трговски реципроцитет, истакнува дека во таа мерка не гледа ништо лошо и дека е многу подобра од царините кои претставуваат забрана.

„Кога би се почитувале царините од 100 отсто и кога српската влада, на пример, би ја донирала стоката за Косово, косовската страна би ги зголемила царините на 200 отсто. Зошто да нема реципроцитет, лошо е ако е намерата со тоа да се влоши состојбата, а не да се врамнотежи“, смета Тахири.

Според него проблемот не е во симболиката на царините, туку во сопирањето на протокот на стоката што не треба да се прави со политички одлуки, туку Приштина косовските производи треба да ги штити на рамноправна основа.

„Треба да се види каде се спојуваат капиталот од Србија и тој од Косово. За транзитот на стоката не постојат само економски услови во рамки на ЦЕФТА договорот, туку и одредени протоколи меѓу одредени региони или земји“, објасни Тахири.

- Реклама -