За Тито Беличанец Милошоски е најомразениот ВМРОН, а Рашела невидена глуперда

Тито Беличанец стана особено актуелен во јавноста изминативе два дена, откако беше објавено дека се затвора текстилниот комбинат ,,Тетекс”, а тој наводно неколку денови претходно ги продал своите акции од компанијата.

Беличанец важи за голем противник на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и особено нејзините функционери.

На неговиот профил на социјалните мрежи, може да се види дека му се допаѓаат владините политики, а е остар противник на опозициските политичари:

Статијата во прилог:

Паника и нервоза владее во ВМРО-ДПМНЕ од носењето на Законот за јавно обвинителство и од тоа што не успеаја да го одбранат криминалот на Никола Груевски, реагираат од СДСМ, откако Антонио Милошоски објави прислушкуван разговор.

– Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази.

Милошоски е очаен криминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на ЗЈО.

Милошоски е криминалец, радикал и штетен за државните интереси, познат по незаконската лустрацијата, сомнителните зделки и тајните преговори за името.

Граѓаните многу добро знаат како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со медиумите и новинарите. Од закани за фрлање во ендеци, апсења и затворање на новинари, упади во медиуми, венци за новинари на домашни адреси, до медиумски мрак и загушени медиумски слободи.

Оваа власт предводена од СДСМ ја врати слободата и има ист третман кон сите медиуми.
Оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари.

Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем се дозна и вчера на судското рочиште.

Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, а Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и Никола Груевски се носители на криминалот, порачаа од СДСМ.

- Реклама -