Спасовски до Собранието достави предлог за разрешување на Мизрахи

Премиерот Оливер Спасовски до Собранието достави предлог со кој се бара од пратениците да ја разрешат министерката Рашела Мизрахи, потврдија за МИА од Владата.

-Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи, велат од Владата.

Барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Според Уставот за предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница.

- Реклама -